КОВЧЕГОТ СО ТЕЛОТО НА РАТКО МЛАДИЌ ПРИСТИГНА ВО БЕЛГРАД Конвојот се упати кон ВМА

Ковчегот со телото на генералот беше пречекан со српски и знамето на Република Српска, а потоа пренесен кон ВМА.

КОВЧЕГОТ СО ТЕЛОТО НА РАТКО МЛАДИЌ ПРИСТИГНА ВО БЕЛГРАД Конвојот се упати кон ВМА
Фото: Принтскрин

Авионот на Владата на Србија со телото на генералот Ратко Младиќ слета околу 17:50 часот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Ковчегот со телото на Младиќ беше пречекан од припадници на српската армија и покриен со знамињата на Србија и Република Српска. По пристигнувањето, припадници на српските вооружени сили го пренесоа ковчегот до возилото со кое беше формиран конвојот кон Военомедицинската академија (ВМА).

Конвојот со телото на генералот Младиќ веќе го напушти аеродромот и се упати кон ВМА, каде што треба да биде извршена обдукција.

Телото на Младиќ претходно денеска беше донесено од Хаг, по што авионот со неговите посмртни останки пристигна во Белград.

Во меѓувреме, на снимките објавени во медиумите и на социјалните мрежи се гледа дека групи граѓани се собрале на надвозниците на неколку локации во Белград, каде што го следеле минувањето на конвојот и му оддавале почит на Младиќ.

CATEGORIES
TAGS
Share This