ФУДБАЛСКИ ЕКВАДОР ОДЛУЧИ Марсело Гаљардо е нов селектор на репрезентацијата

Аргентинскиот стратег се враќа на големата сцена, а првиот предизвик ќе го има против Јужна Кореја.

ФУДБАЛСКИ ЕКВАДОР ОДЛУЧИ Марсело Гаљардо е нов селектор на репрезентацијата
Фото: Принтскрин

Фудбалската федерација на Еквадор го назначи аргентинскиот стратег Марсело Гаљардо за нов селектор на националниот тим.

Гаљардо доаѓа на местото на сонародникот Себастијан Бекасесе, чиј договор не беше продолжен по елиминацијата на Еквадор од Мексико со 2:0 во 1/16-финалето на Светското првенство.

Во Еквадор очекувањата беа големи, особено поради квалитетот на репрезентативците кои настапуваат во европските клубови. Раната елиминација во нокаут-фазата предизвика разочарување, по што федерацијата реши да направи промена на селекторската позиција.

„Имаме талент, структура и амбиција. Подготвени сме. Нека веруваат луѓето, бидејќи имаат причина за тоа“, порача федерацијата преку социјалните мрежи, посакувајќи му добредојде на новиот селектор.

Педесетгодишниот Гаљардо е без ангажман откако го заврши својот втор мандат на клупата на Ривер Плата, кој започна во февруари годинава. Во првиот период со аргентинскиот гигант постигна големи успеси, меѓу кои и две титули во Копа Либертадорес, како и низа други трофеи.

Во тренерската кариера Гаљардо работеше и во уругвајскиот Национал и во саудискиот Ал-Итихад.

CATEGORIES
Share This