ФИЛИПЧЕ СО ВЕЛИГДЕНСКА ПОРАКА – И во најтешките моменти светлината победува

Филипче упати велигденска честитка до сите православни верници

ФИЛИПЧЕ СО ВЕЛИГДЕНСКА ПОРАКА – И во најтешките моменти светлината победува
Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, истакнувајќи дека празникот претставува симбол на спасение и нов почеток.

Во честитката, Филипче нагласува дека Велигден го означува крајот на Христовите страдања и носи порака на надеж, сила и поттик за справување со животните предизвици.

„Победата на животот над смртта, која ја симболизира овој празник, е силна порака дека и во најтешките моменти светлината и надежта секогаш победуваат“, наведува тој.

Тој додава дека Велигден е празник што ги поттикнува добрината, човечноста и заедништвото како темелни вредности за создавање поправедно и посолидарно општество.

„Со верба и надеж за нови почетоци, да ги надминеме предизвиците и да создадеме иднина каква што заслужуваат граѓаните. Нека Велигден донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом. Христос воскресна! Навистина воскресна! За многу години Велигден!“, порачува Филипче.

CATEGORIES
Share This