ФИЛИПЧЕ СО СИЛНА ПОРАКА ЗА 24 МАЈ Никој не може да го загрози македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ порача дека наследството на Кирил и Методиј е темел на словенската писменост и култура.

ФИЛИПЧЕ СО СИЛНА ПОРАКА ЗА 24 МАЈ Никој не може да го загрози македонскиот јазик
Фото: Национал

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека мисијата на светите браќа Кирил и Методиј има исклучително значење за словенските народи, нагласувајќи дека денес обврска е да се чува македонскиот јазик и да се гради европска иднина.

Тој посочи дека на 24 Мај се одбележува Денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј,  основоположници на словенската писменост и духовност.

Според него, нивната мисија е од непроценлива важност за развојот на идејата за рамноправност меѓу народите и јазиците, како и за формирањето на темелите на македонската писменост. Филипче истакна дека нивното духовно и културно наследство е силно поврзано со Македонија, особено со Охрид како значаен центар на словенската традиција.

Тој потсети дека преку создавањето на глаголицата и подоцнежниот развој на писменоста од страна на нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, се поставиле основите на кирилицата, која подоцна станала основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

Филипче оцени дека, и покрај „измислени и лажни закани“ за јазикот и идентитетот, македонскиот јазик е меѓународно признат и рамноправен во Европската Унија, додавајќи дека тоа е резултат на државнички одлуки.

Тој порача дека Кирил и Методиј оставиле порака за важноста на знаењето, просветителството и отвореноста, и дека денес задачата е да се заштити јазикот и да се обезбеди европска перспектива за младите.

„Нека е честит и вековит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители“, порача Филипче.

CATEGORIES
Share This