И ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАЈАВУВА МИРОВЕН ДОГОВОР Трамп веќе објави генерален договор со Иран, светот на чекор до мир
Европа бара стабилност за да се спречат нови шокови на енергетските пазари.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска објави дека го поздравува напредокот кон постигнување договор меѓу САД и Иран.
Таа порача дека е потребен договор кој навистина ќе придонесе за деескалација на конфликтот, повторно отворање на Хормутскиот теснец и гарантирање на слободна и непречена навигација.
„На Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје“, истакна фон дер Лајен.
Таа додаде дека „дестабилизирачките дејствија на Иран во регионот, директно или преку посредници, како и неоправданите и повторени напади врз соседите, мора да престанат“.
Фон дер Лајен нагласи дека Европската унија ќе продолжи со соработка со меѓународните партнери со цел да се искористи моментот за постигнување трајно дипломатско решение и да се спречи проширување на конфликтот, како и негативни последици врз синџирите на снабдување и цените на енергијата.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека договорот меѓу САД, Иран и неколку други земји е „генерално договорен“, но дека сè уште се усогласуваат конечните детали кои наскоро ќе бидат објавени.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, исто така потврди дека Иран и САД се блиску до финализирање на Меморандум за разбирање.
