ЕВН СО ИЗВЕСТУВАЊЕ Без струја делови од неколку скопски општини

Делови од општините Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Во општина Кисела Вода, од 08:30 до 15:30 часот без напојување ќе бидат корисниците на булеварот „Борис Трајковски“ – крак 20 во населбата Усје. Во општина Аеродром, од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците на улицата „Божидар Рајковиќ“, дел од улиците „Горноврановска“ и „Горно Лисиче“. Во истиот период, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците лоцирани околу улицата „Брсјачка Буна“ бр. 163 во општина Шуто Оризари.
CATEGORIES Македонија


