ЕВН НАЈАВИ ПРЕКИН – Дел од Кисела Вода утрово остана без електрична енергија
ЕВН изведува зафати на електродистрибутивната мрежа во општина Кисела Вода.

Фото: Принтскрин
Дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода (ВЕТПРОМЕТ, АГРОХЕМИЈА и МОДУЛ ПЛАСТ) денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 08:00 до 13:00 часот.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.
Поради интервенциите, без струја ќе бидат дел од корисниците на оваа улица, односно наведените компании.
Од компанијата апелираат граѓаните и стопанските субјекти навремено да ги прилагодат своите активности додека трае прекинот и работите не бидат завршени.
CATEGORIES Бизнис
