СЕЈФ СИТИ СЕ ПРОШИРУВА СО НОВИ ПРЕКРШОЦИ – Казни за сè, станува око на секој прекршок
Во имплементацијата ќе бидат вклучени повеќе институции за контрола и усогласување.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека системот „Сејф сити“ ќе се проширува и ќе опфаќа поголем број сообраќајни прекршоци, а не само брзо возење.
Тој истакна дека веќе се констатираат различни прекршоци, како неправилно престројување, неправилно свртување и поминување на црвено светло.
Според него, системот има потенцијал дополнително да се надградува, со цел автоматски да се детектираат уште повеќе прекршоци во сообраќајот.
Една од следните фази, како што најави, ќе биде и санкционирањето на неправилното паркирање.
„Тоа ќе биде една од првите фази што ќе се имплементираат во делот на погрешното паркирање“, изјави Тошковски.
Тој нагласи дека во процесот ќе бидат вклучени повеќе институции, бидејќи станува збор за голем број различни прекршоци, и дека е потребен внимателен пристап за да се избегнат неправилности при казнувањето на граѓаните.
Како почетна фаза за имплементација, се планира системот да се постави на главните сообраќајни артерии во Скопје, односно на булеварите.
