ЕВН НАЈАВИ ИСКЛУЧУВАЊА – Еве кои улици ќе останат без струја
Планирани прекини ќе опфатат делови од Карпош, Центар и Шуто Оризари во различни временски интервали.

Фото: Принтскрин
Делови од Карпош, Центар и Шуто Оризари денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улица „Александар Урдаревски“, во делот кон приклучокот на обиколницата во Шуто Оризари, како и жителите на улица „Козле“ од број 114 до 124 во општина Карпош.
Дополнително, од ЕВН Македонија информираат дека од 09:15 до 15:15 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците на улица „Самоилова“, улица „Јоаким Крчовски“, како и Музејот на современа уметност во општина Центар.
CATEGORIES Македонија
