ПРОТЕСТ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ – Но заврши со тепачка

Протестот во Скопје околу правосудниот испит на албански јазик ја продлабочи политичката конфронтација меѓу ВЛЕН и ДУИ.

ПРОТЕСТ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ – Но заврши со тепачка
Фото: Принтскрин

Протестот во Скопје поврзан со барањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик повторно ги продлабочи политичките тензии меѓу албанските политички блокови. Од владејачката коалиција ВЛЕН обвинија дека зад протестите стои ДУИ, со цел создавање тензии и политичко профитирање.

За време на протестот биле слушнати скандирања „УЧК, УЧК“, а дел од учесниците марширале со албански знамиња низ улиците на Скопје. Настанот предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради пораките и атмосферата на собирот.

Од ВЛЕН истакнуваат дека актуелната власт веќе обезбедила можност правосудниот испит да се полага и на албански јазик, нешто што, според нив, претходната долгогодишна власт на ДУИ не го реализирала. Тие додаваат дека, кога прашањето се решава институционално, одредени политички структури се обидуваат преку протести да создадат криза и да се прикажат како заштитници на албанската заедница.

Протестот следува по неколкудневни политички обвинувања околу правото на полагање на испитот на албански јазик, тема што се наметна како една од главните точки на судир меѓу власта и опозицијата во албанскиот политички блок.

Во текот на протестот се случил и инцидент, кога група млади учесници физички се пресметале меѓусебно. Според снимки објавени во повеќе медиуми, едно момче било нападнато од група од пет до шест лица.

Лицата инволвирани во инцидентот се приведени од МВР.

CATEGORIES
Share This