ЕУ СО НОВА МИЛИЈАРДЕРСКА ПОМОШ ЗА УКРАИНА 3,3 милијарди евра за ракети и дронови
Фон дер Лајен најави и нови заеднички одбранбени проекти со Киев, меѓу кои и развој на европски систем за противвоздушна и ракетна одбрана.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти дека Европската Унија ќе обезбеди дополнителни 3,3 милијарди евра за Украина, наменети за набавка на ракети и дронови.
Фон дер Лајен информацијата ја објави по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека средствата ќе бидат ставени на располагање на Украина денеска, 18 септември.
„Минатата недела одобривме финансирање од ЕУ за системи „Патриот“ преку нашиот Заем за поддршка на Украина, но очигледно е потребно повеќе“, изјави таа.
Претседателката на Европската комисија најави и подготовка на нова програма за заеднички одбранбени проекти меѓу ЕУ и Украина, која би се финансирала со преостанатите средства од програмата SAFE – „Безбедносна акција за Европа“.
Според фон дер Лајен, ЕУ и Украина сакаат заеднички да развиваат европски систем за противвоздушна и ракетна одбрана, надградувајќи го заедничкиот антибалистички систем „Фреја“.
„Можеме да го комбинираме искуството и иновациите на Украина од бојното поле со европската технологија и индустриска сила“, порача фон дер Лајен.

