ЕСКАЛИРА КОНФЛИКТОТ ВО СЕВЕРНА ИРСКА 2.000 луѓе го блокираат маршот
Поворката не може да помине низ католичкиот дел на Портдаун, преговорите без успех.

Конфликтот меѓу протестантскиот Портокалов ред и жителите кои се спротивставуваат на преминувањето на поворката низ католичкиот дел на Портдаун во Северна Ирска влезе во втор ден, откако разговорите со британскиот министер за Северна Ирска, Крис Брајант, не донесоа договор.
Околу 2.000 демонстранти, меѓу кои и првата министерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил, во неделата ја блокираа маршрутата на поворката. Поради тоа настана застој, бидејќи ниту една од страните не се согласи да се повлече, додека полицијата се постави меѓу двете групи, објави „Ројтерс“.
Брајант одржа одделни разговори со претставници на Портокаловиот ред, жителите и политичарите, по што изјави дека се обидува да најде компромисно решение за ситуацијата.
Напнатоста околу маршрутите на протестантските поворки во Северна Ирска со години претставува чувствително прашање, особено во областите каде што протестантските и католичките заедници живеат едни покрај други.
ТЕНЗИИ ВО СЕВЕРНА ИРСКА – 2.000 луѓе на улица, парадата предизвика бес

