СЕВЕРНА КОРЕЈА МУ ПОРАЧА НА СВЕТОТ Нема шанси да ни го земете нуклеарното оружје
Пјонгјанг тврди дека нуклеарниот статус е трајно воспоставен и дека арсеналот е клучен за одбрана од надворешни закани.

Фото: Принтскрин
Заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Сон-Гјонг, денеска пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека статусот на земјата како нуклеарна држава „под никакви околности“ не може да биде променет.
Ким порача дека нуклеарниот статус на Северна Кореја е „неповратно и трајно воспоставен“, како од физички, така и од правен аспект, и дека не постои можност за негово враќање назад.
Тој истакна дека Пјонгјанг го смета нуклеарното одвраќање за неопходна сила за заштита на суверенитетот и безбедноста на земјата од, како што наведе, надворешни закани.
Изјавата на севернокорејскиот претставник беше дадена во рамки на Генералната дебата на Генералното собрание на ОН, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест

