ЕРИКА ОД BAYWATCH НА 56 ГОДИНИ НАПРАВИ НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ Новото поглавје започнува сега
Актерката потврди дека се приклучила на платформата и најави ексклузивна содржина и директна комуникација со обожавателите.

Актерката Ерика Елениак, позната по улогата во култната серија „Baywatch“, потврди дека на 56-годишна возраст се приклучила на платформата OnlyFans. Во септември актерката ќе наполни 57 години.
Откако информацијата беше објавена во медиумите, Елениак ја потврди веста преку својот профил на Instagram, истакнувајќи дека со новиот чекор започнува ново поглавје во нејзината кариера.
„На 56 години, ја прифаќам токму она што сум денес. Од Baywatch до Playboy и понатаму! Вие бевте со мене низ толку многу поглавја од мојот живот и кариера. Сега отворам сосем ново“, порача актерката.
Таа најави дека преку платформата ќе споделува ексклузивна содржина со своите следбеници и ќе има можност за подиректна комуникација со обожавателите.
Елениак, која со децении е присутна во јавноста, порача дека нејзината одлука претставува начин да продолжи да биде во контакт со публиката и да споделува делови од својот живот и кариера.
Актерката стекна светска популарност со „Baywatch“, а подоцна продолжи да работи во филмот и телевизијата.

