(ФОТО) ЕМОЦИИ ДО НЕБО – Масовна средба на Македонците од Егејот

Силни сведоштва за голготата низ која поминал македонскиот народ од Егејскиот дел.

(ФОТО) ЕМОЦИИ ДО НЕБО – Масовна средба на Македонците од Егејот
Фото: Социјални мрежи

Денеска (17 мај) во македонската престолнина Скопје се одржа традиционалната и една од најмасовните средби на Македонците прогонети од Егејскиот дел на Македонија, во организација на здруженијата на Македонците од Егејот.

Настанот обедини околу 700 учесници, кои преку емоции, прегратки и заеднички спомени уште еднаш ја потврдија нераскинливата врска со своите корени и татковината. Средбата помина во духот на мирот, љубовта кон Македонија и почитта кон заедничката историја и традиција.

На средбата беше нагласено значењето на ваквите собири во зачувувањето на идентитетот, културното наследство и историската меморија на Македонците од Егејот. Присутните порачаа дека, и покрај бројните административни пречки и забрани низ годините, нема да се откажат од посетите на своите родни места, водејќи се од љубовта кон татковината, а не од желбата за поделби и конфликти.

Организаторите уште еднаш покажаа високо ниво на организација, а настанот ја потврди својата улога како симбол на македонското заедништво, истрајност и зачувување на националниот идентитет.

И оваа година на собирот присуствувааа гости од Единствена Македонија со претседателот Јанко Бачев како и гости од Пиринска Македонија и Пустец, Албанија.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This