ЕМИЛИЈА ГЕЛЕВА – Македонија вековита и неуништива

Најстрашно е што и по 34 години небиднина немаме политичко лидерство што дава надеж дека ќе и' ја врати изгубената сувереност на Македонија и имаме уште поурнисани институции.

ЕМИЛИЈА ГЕЛЕВА – Македонија вековита и неуништива
Фото: Национал
Емилија Гелева наша еминетна геополитичка аналитичарка упати честитка по повод 8 – септември преку социјалната мрежа фејсбук:
-„На 08 септември 1991 година Македонија стана независна, суверена држава, со волја на македонскиот народ изразена на референдумот. Неизмерна беше, радоста, среќата и вознесеноста на Македонците. За жал, освен тоа немавме ништо друго, ниту ум, ниту замисла, ниту стратегија на политичкото лидерство и на стручните институции да предвидат и да знаат како да се справат со планот на Матриксот или “Големиот Брат” за ништење на Македонија. Најстрашно е што и по 34 години небиднина немаме политичко лидерство што дава надеж дека ќе и’ ја врати изгубената сувереност на Македонија и имаме уште поурнисани институции.
Сепак, за Честит 8 Септември и за Македонија Вековита, ќе ве утешам со следниов цитат од Тибетанските преданија: “Белиот остров е единствено место кое не ја дели судбината на останатите Острови (Двипи) и не можат да го уништат ни Оган ни Вода бидејќи тоа е “Вечна земја”. Името на Белиот Остров, на оваа “Вечна земја” е Пушкара, а Пушкара како локалитет и ден денес постои единствено и само во Македонија, во близина на Св. Николе, и никаде на друго место во светот! Локалитетот Пушкара е евидентиран во топографските карти на ЈНА од пред 70 години.
Пушкара е збор кој во Веда е име на цветот пеон, божур, лотус кој е симбол и синоним за Постанокот. Оттука, Белиот Остров е Пушкара, е Македонија, е Постанокот! А Постанокот, Божјата творба Македонија, не може да биде уништена! Затоа Македонци главата горе и со ум и бестрашност за нашата Македонија“ – се вели во честитката на Гелева.
CATEGORIES
TAGS
Share This