ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – План за враќање на Никола Груевски

Единствена Македонија предлага модел по примерот на Артан Груби за враќање на Никола Груевски.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – План за враќање на Никола Груевски
Фото: Принтскрин

Подолг период јавноста е преокупирана со случајот на поранешниот премиер Никола Груевски, при што СДСМ постојано инсистира на негова екстрадиција, додека од власта се истакнува дека, доколку Груевски се појави во Македонија, ќе се постапува согласно судските пресуди.

Во меѓувреме, по политичките промени во Унгарија, се појавија информации дека Груевски поседува и унгарско државјанство, што дополнително ја комплицира можната постапка за негова екстрадиција.

Партијата Единствена Македонија предлага поактивен пристап и упатува сугестија до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се разгледа модел според примерот на Артан Груби, односно да се овозможи враќање со гаранции за куќен притвор и повторно судење во поширок јавен контекст, со поголемо присуство на медиумите и јавноста како сведок за да се види целата оваа контроверзност која трае со години.

Според партијата, ваквиот пристап би можел да биде прифатлив и за Груевски, особено имајќи предвид дека постапките како случаите „Мерцедес“ и „Шамари“ често се перцепираат како контроверзни во јавноста.

Од друга страна, дел од јавноста би истакнал дека ваквите прашања се исклучиво во надлежност на правосудните органи. Сепак, постои валидна правна основа за такво нешто и политиката тука би била само во смила на своевидна логистика и овозможување на одреден маневарски простор. Се разбира, за сето тоа е потребна претходна усогласенсот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ до кое би требало да додје доколку сакаат завршница на случајот Гуревски прифатлив за сите.

CATEGORIES
TAGS
Share This