ГРЕШКА КОЈА МОЖЕ ДА ВЕ ЧИНИ ФИНАЛЕ Внимавајте на новиот термин на УЕФА за вечерашното финале во ЛШ

УЕФА со неочекувана промена на терминот за финалниот натпревар.

ГРЕШКА КОЈА МОЖЕ ДА ВЕ ЧИНИ ФИНАЛЕ Внимавајте на новиот термин на УЕФА за вечерашното финале во ЛШ
Фото: Принтскри

Вечерва фудбалската јавност ќе го следи финалето на Лига шампиони 2026 меѓу ПСЖ и Арсенал, но овојпат со една значајна промена што многумина можеби ја пропуштија.

Натпреварот ќе започне во 18:00 часот по средноевропско време, што е три часа порано од вообичаениот термин во кој традиционално се игра финалето на Лигата на шампионите во 21:00 часот.

Ова е првпат во поновата историја на натпреварувањето финалето да не се одигра во вечерниот термин. Одлуката на УЕФА е донесена со цел да се зголеми достапноста на натпреварот за навивачите, семејствата и глобалната публика.

Затоа, доколку планирате да го следите дуелот меѓу ПСЖ и Арсенал, имајте предвид дека стартот е во 18:00 часот а не во вообичаените 21:00.

Од 18:00 часот сите погледи ќе бидат насочени кон Будимпешта, каде ќе се одлучи новиот европски шампион.

CATEGORIES
Share This