Е-ТРГОВИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – Модата и услугите водат, другите категории заостануваат

63% од македонските интернет-корисници купуваат онлајн, надминувајќи ги повеќето балкански соседи.

Е-ТРГОВИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – Модата и услугите водат, другите категории заостануваат
Фото: Принтскрин

Според прегледот на е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, 63,2% од македонските интернет-корисници купуваат онлајн, надминувајќи ги повеќето соседи, освен Србија (65%), но под европскиот просек од 76,6%.

Најпопуларна е модата и речиси 74% нарачуваат облека, обувки или модни додатоци. Онлајн-плаќањата за интернет и мобилни услуги се исто така високи (44,1%), како и комуналните услуги (33,7%).

Во други категории, интересот е многу понизок: лекови и витамини 7,7%, електроника и апарати за домаќинство 2,3%, храна и пијалаци 7,6%.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска-Станков, истакнува дека постои голем неискористен потенцијал за развој на онлајн-продажбата во овие сегменти.

CATEGORIES
Share This