Во СВР Скопје вчера во 20:40 часот, 44-годишен скопјанец пријавил дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 година бил измамен од лице Д.П. за износ од 309.800 денари.
Според пријавата, оштетениот го познавал Д.П. од претходно, а измамата се одвивала под изговор дека ќе му помогне да извади кредит од банка. Во неколку наврати, тој му предавал пари на Д.П. за наводно покривање трошоци поврзани со подигањето на кредитот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.