ДВЕ КРУНИ, ЕДЕН ДЕН: Починаа кралот Харалд V и најмладиот монарх во светот Рукиди IV

аралд V почина на 89-годишна возраст по повеќе од три децении на норвешкиот престол, додека кралот Рукиди IV, кој на тронот дошол како тригодишно дете, почина на само 34 години.

ДВЕ КРУНИ, ЕДЕН ДЕН: Починаа кралот Харалд V и најмладиот монарх во светот Рукиди IV
Фото: Принтскрин

Норвешкиот крал Харалд V почина денеска на 89-годишна возраст во Националната болница во Осло, соопшти Кралската куќа. Кралот починал мирно во 6:35 часот наутро, на 28 август, по што во Норвешка е прогласена национална жалост.

Харалд V во болница бил примен на 17 август поради здравствени проблеми, а во последните денови неговата состојба била оценета како многу сериозна.

Роден е на 21 февруари 1937 година во Скаугум, во Аскер, Норвешка. На норвешкиот престол стапил во 1991 година, по смртта на неговиот татко, кралот Олав V, и ја предводеше монархијата повеќе од три децении.

Харалд V беше познат како популарен и близок монарх, а неговото владеење беше обележано со модернизација на монархијата, како и со нагласување на толеранцијата, единството и заедништвото во норвешкото општество.

Во исто време, од Уганда стигна веста за смртта на кралот на Кралството Торо, Ојо Нимба Кабамба Игуру Рукиди IV. Тој почина на 34-годишна возраст, а веста ја соопшти премиерот на Уганда.

Рукиди IV ја наследил круната во 1995 година, кога имал само три години, по смртта на неговиот татко. Со тоа стана најмладиот владејачки монарх во светот. Истата година, на 12 септември, бил крунисан за крал на Торо.

Така, на истиот ден, светот се прости од двајца монарси, норвешкиот крал Харалд V, кој повеќе од 30 години беше на чело на една од најстарите европски монархии, и кралот Рукиди IV, кој на тронот се искачи како тригодишно дете и почина на само 34 години.

CATEGORIES
Share This