ЛУЛА БЕЗ МИЛОСТ КОН СИНОТ Ако сторил кривично дело, ќе мора да плати
Бразилскиот претседател вели дека нема да се меша во истрагата против Лулашињо и нема да врши притисок врз федералната полиција.

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека нема да се меша во истрагата што се води против неговиот син Фабио Луиз Лула да Силва, познат како Лулашињо.
Во интервју за телевизијата „Глобо“, Лула нагласи дека, доколку истрагата утврди дека неговиот син сторил кривично дело, тој мора да ги сноси последиците согласно законите, исто како и секој друг граѓанин.
„Јас не сум обвинител, не сум полициски истражител и не сум судија. Ако Фабио сторил какво било кривично дело, ќе мора да плати како и секој бразилски граѓанин“, порача бразилскиот претседател.
Лула истакна дека нема да врши никаков притисок врз федералната полиција, ниту пак ќе презема активности со цел да го заштити својот син од истрагата.
И покрај тоа, претседателот изрази уверување дека Лулашињо на крајот ќе биде ослободен од сомнежите и ќе се покаже дека нема сторено кривично дело.

