ДВЕ ГОДИНИ МИР Нов модел за струја што ги менува правилата во бизнисот

Компаниите добиваат предвидливи трошоци и заштита од пазарни ценовни шокови.

ДВЕ ГОДИНИ МИР Нов модел за струја што ги менува правилата во бизнисот
Фото: Принтскрин

Во услови на повторна нестабилност на цените на електричната енергија на европските берзи, компаниите сè потешко ги предвидуваат своите оперативни трошоци, па затоа сигурноста и стабилноста стануваат подеднакво важни како и самата цена. Во таа насока, ЕДС ја претстави својата нова понуда за деловните корисници и модел на снабдување со фиксна цена на електрична енергија во период од две години, кој во моментов е единствен од ваков тип на пазарот.

Со оваа опција, компаниите добиваат можност однапред да ги планираат трошоците за електрична енергија за период од 24 месеци, без изложеност на ненадејни пазарни промени и ценовни шокови.

Од компанијата нагласуваат дека стабилноста на понудата произлегува од нивното долгогодишно искуство во трговијата и снабдувањето со електрична енергија, како и од поддршката и регионалната инфраструктура на PPC Group, една од најголемите енергетски групации во Југоисточна Европа.

Дополнително, понудата вклучува и потенцијални заштеди на сметките за електрична енергија до 40 отсто, во споредба со други модели на снабдување.

Покрај фиксната цена за две години, клиентите кои ќе склучат договор со ЕДС имаат можност да изберат и дополнителен подарок и инвертер клима уред или електричен тротинет.

„Денес компаниите не бараат само пониска цена, туку пред сè сигурност и стабилност. Со оваа понуда сакаме да им овозможиме токму тоа и предвидливи трошоци, стабилно снабдување и партнер на кој можат да се потпрат во услови на неизвесност“, изјави генералниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.

Од ЕДС додаваат дека интересот за понудата е значителен, особено кај компании кои сакаат да се заштитат од идните ценовни осцилации на електричната енергија и навреме да обезбедат стабилни услови за работење.

CATEGORIES
Share This