ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА – Жртвата починала во болница

ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА – Жртвата починала во болница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 44 и 46 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 10 септември, во вечерните часови, во паркот „Жена-борец“ во Скопје. Според обвинителството, осомничените и оштетениот претходно заедно консумирале алкохол. По вербална расправија, дојдено е до физичка пресметка во која двајцата осомничени со тупаници и клоци го нападнале оштетениот, нанесувајќи му тешки повреди по главата и телото.

Иако веднаш бил пренесен во болница, повредениот два дена подоцна им подлегнал на повредите.

Поради тежината на делото и опасноста од бегство или повторување на кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

CATEGORIES
Share This