ДОВЕРЛИВИ ИСТРАГИ СТИГНАЛЕ ДО ПАРТИЈАТА НА ЛЕ ПЕН Франција истражува висок функционер
Поранешен висок функционер на Министерството за внатрешни работи е осомничен дека откривал информации за истраги поврзани со финансирањето на Националниот собир пред изборите.

Француските власти отворија истрага против поранешен висок функционер на Министерството за внатрешни работи поради сомневања дека протекувал класифицирани информации за судски истраги на крајнодесничарската партија Национален собир (RN), предводена од Марин Ле Пен.
Според весникот „Монд“, Иг Муту, кој моментално ја извршува функцијата префект на регионот Центар-Долина Лоара, е осомничен дека споделувал информации за истраги поврзани со финансирањето на изборните кампањи на партијата во 2022 и 2024 година.
Случајот предизвика внимание во Франција поради сомневањата дека доверливи информации од институционални истраги можеби биле доставувани до партијата во чувствителен политички период, неколку месеци пред претседателските избори.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска потврди дека е започната истрага и дека го поканил Муту на разговор.
Информацијата ја објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на француските медиуми.

