ДО 32 СТЕПЕНИ Сонцето повторно го презема главниот збор
Стабилно и топло време низ Македонија, а во Скопје се очекува сончево време со мала облачност.

Фото: Принтскрин
Денеска времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 8 до 32 степени Целзиусови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

