ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Политички преглед на денот, сабота, 04 јули 2026 година.

Политички преглед на денот, сабота 04 јули 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?
ВМРО-ДПМНЕ: Стравот од избори има име – СДС, анкетата со тројно водство на ВМРО-ДПМНЕ доказ за тоа
Зошто СДС не сака нов Изборен законик? Зошто СДС не сака да гласа дијаспората? Зошто СДС се кара со своите членови, со своите функционери, со аналитичарите, професорите?
Зошто СДС не разговара со факти, докази и бројки, туку со гола реторика преку популизам? Зошто СДС се профилира од некогаш моќна во трета, а некаде и четврта партија во државата?
Одговорот на сите овие прашања лежи во едноставната констатација: СДС не сака Изборен законик, не сака да гласа дијаспората, се кара со сите, лаже и манипулира затоа што се плаши од избори и бега од соочување со народот. А доказот зошто се плашат од избори е и денешната анкета.
ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од три пати поголемо водство пред СДС. Kај нив довербата кај граѓаните оди под 100 илјади гласови. Довербата од само 6% покажува дека на се уште најголемата опозициска партија предводена од Венко Заев, народот уште повеќе ја намалува довербата. Реформи во СДС се повеќе од потребни, бидејќи криминалци како Венко Заев – граѓаните не поддржуваат.
СДСМ: ВМРО се плаши од изборен резултат, затоа турка изборен грабеж
ВМРО и Мицкоски се тие што се плашат од изборниот резултат и затоа очајнички посегнуваат по изборен грабеж преку неконтролирано електронско гласање на дијаспората.
Свесни дека губат гласови и поддршка кај граѓаните, сега се обидуваат изгубените гласови во државата да ги надоместат преку систем без доволни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето.
Затоа ВМРО насилно и на шверцерски начин се обидува да го протурка електронското гласање на дијаспората, иако треба да почне да се применува дури во 2029 година. Нема никаква причина за вакво брзање, освен намерата однапред да се отвори простор за изборни манипулации. Сѐ друго се само изговори и манипулации. Наместо аргументи, ВМРО бега од одговор на клучните прашања – зошто инсистира на електронско гласање без соодветни гаранции, зошто граѓаните во дијаспората ги става во ризик од сомнежи за злоупотреби и зошто воведува двојни аршини за гласањето.
Додека секој граѓанин што гласа во Македонија поминува низ строга процедура за идентификација, Мицкоски сака за околу 200.000 потенцијални гласачи во дијаспората да важат поинакви правила, без гаранција дека гласот е даден лично, слободно и тајно, што отвора простор за притисоци, злоупотреба на идентитетот и изборни манипулации.
Дополнително, со ова решение ВМРО целосно го менува концептот на гласање во државата и директно ја нарушува еднаквоста и сигурноста на изборниот процес.
Позициите на СДСМ за Изборниот законик се принципиелни и јасни – нема да прифатиме решенија што отвораат простор за изборни манипулации и изборен грабеж.
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: – За какви фер избори зборуваме? За Единствена Македонија 700 евра, за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ милиони евра од буџетот за кампања
Единствена Македонија со жалење констатира дека во Собранието се турка за усвојување спорниот Изборен законик, кој, според партијата, де факто ги укинува вонпарламентарните партии и го суспендира демократскиот изборен натпревар.
Партијата реагира на моделот на државно финансирање на изборните кампањи, при што, како што наведува, милионски износи од буџетот се обезбедуваат за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА ЗНАМ, ДУИ И ВЛЕН, додека вонпарламентраните партии ништо. Според нив, ваквиот систем создава нееднакви услови, бидејќи токму предизборната кампања е клучна за допирање до гласачите.
Ако едни партии добиваат милиони евра од буџетот, а вонпарламентарните партии само симболични средства или воопшто ништо, не може да се зборува за фер избори, велат од партијата.
Тие оценуваат дека во последните 35 години во Македонија не може да се зборува за целосно фер изборен процес, туку само за законски или незаконски избори, но не и за вистински демократски натпревар.
Како илустрација, посочуваат дека на следните избори, во 20-дневната кампања, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН би добиле околу 800.000 евра, Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра, останатите парламентарни партии без пратеничка група околу 200.000 евра, додека вонпарламентарните партии би добиле само околу 700 евра.
Единствена Македонија смета дека државното финансирање треба да биде еднакво за сите учесници на изборите или целосно да се укине. За таа цел, партијата повторно го реафирмира својот став од 2022 година за укинување на државното финансирање на политичките партии, наведувајќи дека во Собранието се амандманите на Единствена Македонија и дека е потребен само пратеник-овластен предлагач за тие да се стават на дневен ред.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија


