ДОМУВАЊЕТО СТАНУВА ЛУКСУЗ Каде во ЕУ најмногу поскапеа становите
Евростат со нови податоци: раст на цените и кај становите и кај кириите.

Цените на недвижностите во Европската Унија бележат нов раст во првиот квартал од 2026 година, покажуваат податоците на Евростат.
Во споредба со истиот период од 2025 година, цените на становите се зголемиле за 5,1%, додека кириите пораснале за 3%. Во однос на претходниот квартал (четвртиот квартал од 2025 година), становите поскапеле за 1,2%, а изнајмувањето за 0,7%.
Ако се спореди првиот квартал од 2026 година со просекот од 2025 година, цените на становите во ЕУ се повисоки за 2,9%, а кириите за 1,8%.
На национално ниво, најголем раст на цените на становите е забележан во Португалија (+10,3%), Бугарија (+9,4%) и Словачка (+9,1%). Единствени земји со пад се Франција (-0,5%) и Финска (-1,8%).
Кога станува збор за кириите, тие се зголемиле во сите земји членки, освен во Словенија, каде има пад од 0,9%, и Финска, каде што останале без промена. Највисок скок е регистриран во Хрватска (+21,9%), потоа следуваат Бугарија (+6,4%) и Грција (+5%).
ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО ЕУ ЕКСПЛОДИРАА – За 10 години речиси 65% поскапи


