ВРЕМЕНСКИ ПРЕСВРТ Температури до 33 степени, но северен ветер ќе дува низ Македонија
УХМР најавува сончево и топло време со температури до 33 степени, но на повеќе места ќе дува повремено засилен северен ветер со брзина до 50 километри на час

Фото: Национал
Денеска (05.07) се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и дневна температура од 8 до 33 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен.
CATEGORIES Македонија


