ДИРЕКТОР НА НЕФРОЛОГИЈА ФАТЕН НА ДРОГА – Животите на пациентите под прашање
Самиот Кузмановски преку Фејсбук изрази длабоко каење, потврдувајќи дека дрога конзумирал и порано, пред да ја преземе функцијата директор на клиниката

Скандалозно видео со директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, откри нови прашања за функционирањето на здравствениот систем. На снимката, Кузмановски демонстрира како се конзумира кокаин, што отвора сомнежи дали пациентите биле лекувани под влијание на дрога и дали неговата лекарска лиценца треба да биде суспендирана.
Министерот за здравство, Азир Алиу, веднаш го разреши Кузмановски, но прашањето е дали тоа е доволна мерка. Скандалот предизвика остри реакции во јавноста и ризикува дополнително да ја поткопа довербата во јавното здравство.
Самиот Кузмановски преку Фејсбук изрази длабоко каење, потврдувајќи дека дрога конзумирал и порано, пред да ја преземе функцијата директор на клиниката.
„Се извинувам за постапката која не смее да биде пример. Секој човек прави грешки, но важно е да се извлече поука. Ќе продолжам да работам како доктор, со цел да спасувам животи и да помагам на заедницата“, истакна тој.


