ЦИРИХ НАЈСКАП ВО ЕВРОПА – Квадрат стан над 20 илјади евра
Овие податоци јасно укажуваат дека западна и северна Европа остануваат најскапи пазари за недвижности, со најизразен пораст на цените токму во Швајцарија и Велика Британија

Швајцарските градови и понатаму го држат врвот на европската листа на најскапи пазари за недвижности, покажува анализата на „Дојче банк“.
Просечната цена на квадратен метар стан во центарот на Цирих годинава достигна рекордни 20,35 илјади евра, со што градот се искачи на првото место во Европа, пренесува „Капитал.ба“.
Веднаш зад него е Женева, каде што квадратниот метар чини околу 18,7 илјади евра, додека Лондон со 17,81 илјади евра го зазема третото место.
Во групата на најскапи европски градови се и Париз, Минхен и Луксембург, а веднаш по нив следуваат Стокхолм, Виена, Амстердам и Осло – со нешто пониски, но и натаму високи цени.
Овие податоци јасно укажуваат дека западна и северна Европа остануваат најскапи пазари за недвижности, со најизразен пораст на цените токму во Швајцарија и Велика Британија.


