ДИПЛОМАТСКА ПРОВОКАЦИЈА – Кралот Чарлс му „врати“ на Трамп со реплика која никој не ја очекуваше
Шега со политичка тежина: Чарлс III му возврати на Трамп со историска алузија.

Британскиот крал Чарлс III за време на државна вечера во Белата куќа му возвратил на Доналд Трамп со духовита забелешка, реагирајќи на неговата порака дека без американската помош во Втората светска војна Европа денес би зборувала германски.
Чарлс се надоврзал на таа идеја и, потсетувајќи на историското ривалство меѓу Британците и Французите, изјавил дека ако не биле Британците, Американците веројатно денес би зборувале француски.
Изјавата брзо доби реакција од Париз. Францускиот претседател Емануел Макрон накратко коментирал на платформата X со зборовите:
„Тоа би било шик!“
Според протоколот, кралот се осврнал и на изјавите на Трамп дадени на самитот во Давос, каде што тој тврдеше дека европските земји биле зависни од САД за време на Втората светска војна.
И покрај ваквите закачки, вечерата поминала во пријателска атмосфера, а двајцата лидери го истакнале „посебниот однос“ меѓу нивните држави. Чарлс дополнително се пошегувал и околу реновирањето на Белата куќа и новата голема балска сала.
