ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕС БЕЗ СТРУЈА Проверете дали сте на списокот
ЕВН најави прекини во снабдувањето во седум скопски општини поради планирани интервенции на мрежата.

фото: Национал
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, 24 септември, поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија привремено ќе останат делови од повеќе скопски општини.
Прекини во снабдувањето се најавени на следните локации:
- Општина Бутел: дел од улицата „Костурска“, од 07:50 до 09:50 часот.
- Општина Сарај: дел од главната улица кај маркет „Ер Грос“ и „Јони Хоме Центер“, од 08:30 до 14:00 часот.
- Општина Кисела Вода: улиците „Емил Зола“ и „Мишко Михајловски“, од 09:00 до 14:30 часот, поради зафат на електродистрибутивната мрежа.
- Општина Илинден: улица 10 и улица 21 во село Кадино, од 09:00 до 13:00 часот, поради замена на електричен столб и две празнини.
- Општина Аеродром: дел од корисниците на булевар „12-та Македонска бригада“ со броеви 61, 63 и 65, од 10:00 до 15:30 часот.
- Општина Бутел: дел од улицата „Костурска“, како и Болница „Санте Плус“ и Болница „ВФВ“, од 10:05 до 12:05 часот.
- Општина Карпош: дел од улицата „Варшавска“, од 13:00 до 14:00 часот.
Од ЕВН апелираат корисниците на наведените локации да го имаат предвид привремениот прекин во снабдувањето со електрична енергија.
CATEGORIES Македонија

