ДЕЈВИД ГЕТА ВООДУШЕВЕН ОД МАКЕДОНИЈА 50.000 луѓе на стадион – тотално лудо

Светската диџеј-мегаѕвезда објави видео од Скопје и откри што најмногу го изненадило пред настапот.

ДЕЈВИД ГЕТА ВООДУШЕВЕН ОД МАКЕДОНИЈА 50.000 луѓе на стадион – тотално лудо
Фото: Принтскрин

Светската диџеј-мегаѕвезда Дејвид Гета ги сподели своите импресии од настапот во Скопје, каде по повод Денот на независноста на Македонија одржа спектакуларен концерт пред околу 50.000 посетители.

Гета на својот профил на Инстаграм објави видео со моменти од концертот и атмосферата на стадионот, откривајќи дека не очекувал ваков спектакл.

„Да не ти се верува. Убав, фин вторник, со неколку пријатели, а ваму 50.000 публика! вели Гета во видеото.

Светски познатиот диџеј признава дека пред да пристигне во Македонија не знаел што да очекува, но доживувањето во Скопје, како што вели, целосно го воодушевило.

„Да ви кажам право, кога доаѓав во Македонија не знаев што да очекувам. Но, ова е лудо – 50.000 луѓе на концерт на стадион! Тотално лудо! Ни за момент не помислував дека толку убаво ќе си поминам во Скопје“  порача Гета.

Видеото ги прикажува еуфоричните моменти од концертот, илјадниците фанови и спектакуларната атмосфера на стадионот.

На крајот, Гета упати кратка, но јасна порака до македонската публика:

„Благодарам, Македонија!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAVID GUETTA (@davidguetta)

CATEGORIES
Share This