ДДВ ЗА ДИЗЕЛОТ ОСТАНУВА 10 ОТСТО Еве до кога ќе важи мерката

Владата го продолжи даночното олеснување до 20 октомври 2026 година, со цел да се ублажат ценовните притисоци и да се заштити животниот стандард на граѓаните.

ДДВ ЗА ДИЗЕЛОТ ОСТАНУВА 10 ОТСТО Еве до кога ќе важи мерката
Фото: Принтскрин

Владата ја продолжува мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 отсто до 20 октомври 2026 година, со цел да се ублажат ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството и да се зачува економската стабилност.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја соопшти одлуката преку објава на својот Фејсбук профил, посочувајќи дека продолжувањето на мерката е дел од владините активности за заштита на животниот стандард.

„Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година“, наведе министерката.

Според неа, намалувањето на данокот треба да влијае врз малопродажните цени на горивата и да го ублажи ефектот од надворешните ценовни притисоци, со што ќе се намали финансискиот товар врз домаќинствата и компаниите.

Димитриеска-Кочоска истакна дека надлежните институции продолжуваат внимателно да ги следат движењата на меѓународните пазари и глобалните берзи, со цел навремено да реагираат со соодветни мерки за заштита на животниот стандард и стабилноста на домашната економија.

CATEGORIES
Share This