БУГАРСКА ЕВРОПРАТЕНИЧКА ЛАЈКОВА УДРИ ПО СКОПЈЕ Македонската историја е фалисификат, јазикот е дијалект на бугарскиот
Европратеничката изнесе тврдења кои предизвикаа остри реакции во македонската јавност.

Бугарската европратеничка Рада Лајкова реагираше по инцидентот пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, каде беа запалени дипломатски возила, упатувајќи критики кон македонските институции и повторувајќи ставови кои предизвикуваат реакции во јавноста.
Лајкова тврди дека сторителот дејствувал без пречки и дека настанот се случил во присуство на полицијата, која, според неа, не презела соодветни мерки. Таа ја критикуваше и реакцијата на европските институции, повикувајќи на, како што наведе, поголема заштита на правата на Бугарите во Македонија.
Во своето обраќање, европратеничката повтори дел од позициите на Софија во долгогодишниот спор со Скопје, тврдејќи дека македонскиот јазик претставува „дијалект на бугарскиот“ и изнесувајќи ставови за потеклото на населението.
Лајкова дополнително оцени дека дел од македонската историја е, како што наведе, „фалсификувана“, поврзувајќи ги овие тврдења со периодот на југословенскиот комунизам и историчарите во Белград.
Нејзините изјави доаѓаат во момент кога односите меѓу Скопје и Софија и понатаму се оптоварени со несогласувања околу историските прашања, јазикот и идентитетот, теми кои имаат значајно влијание врз европскиот пат на Македонија.


