БОЛЕН ЗА РАБОТА, ЗДРАВ ЗА ШОПИНГ – Јакимовски со жесток напад кон Лукровски
Јакимовски тврди дека градоначалникот на Карпош бил забележан во Сити Мол и маркети додека официјално е на боледување

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција упати критики кон својот наследник Сотир Лукровски, тврдејќи дека иако официјално е на боледување околу 20 дена, бил забележан во трговскиот центар Сити Мол и во околните маркети, додека во истиот период не доаѓал на работа.
Лукровски претходно ги пренел овластувањата на заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски.
Јакимовски изјави дека Сити Мол се наоѓа на само неколку стотини метри од работното место на Лукровски и оцени дека тој е „болен за работа, но не и за шопинг“.
Тој додаде дека последиците од ваквата состојба ги сносат граѓаните на Карпош и побара одговорност за, како што рече, неодговорното однесување.
ЛУКРОВСКИ ПОД ЛУПА – Ако има сомнежи за лажно боледување, еве кој мора да реагира
