БЕЗБЕДЕН КОНТАКТ СО ЦИА – Упатства за иранските протестанти

Видео на персиски јазик објаснува како дисидентите во Иран да контактираат со ЦИА

БЕЗБЕДЕН КОНТАКТ СО ЦИА – Упатства за иранските протестанти
Фото: Принтскрин

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) денес објави видео на персиски јазик кое објаснува како иранските дисиденти можат безбедно да контактираат со американската разузнавачка агенција за време на антивладините протести во Иран.

Видеото, објавено на социјалната мрежа X, дава инструкции за тоа како секој контакт со ЦИА да остане приватен и да се заштити идентитетот на дисидентот.

Препораките вклучуваат контактот да се воспостави од мобилен телефон за „еднократна употреба“, користење на најновата верзија на интернет-прелистувачот, активирање на инкогнито режим и бришење на историјата на прелистувачот и уредот по контактот и користење на Tor или VPN за шифрирање на комуникациите, со инструкции за Tor, бидејќи без тоа посетата на веб-страницата на ЦИА може да биде видлива за други.

ЦИА исто така наведува дека ќе ги разгледа сите добиени пораки, но одговорот не е гарантиран. Одлуката за реакција ќе зависи од проценката на безбедносната состојба на дисидентот.

CATEGORIES
Share This