БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ СЕЛА И НАСЕЛБИ ВО СКОПЈЕ Прекините почнуваа од утрово

ЕВН Македонија информира за планирани прекини на електричната енергија поради зафати во дистрибутивната мрежа.

БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ СЕЛА И НАСЕЛБИ ВО СКОПЈЕ Прекините почнуваа од утрово
Фото: Национал

Без електрична енергија денеска, 13 јуни ќе останат повеќе населени места во Скопскиот регион, информираат од ЕВН Македонија.

Во периодот од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Бадар, Кожле и Блаце, како и жителите на населбата Тотинци и објектите во тунелите Катланово на подрачјето на општина Петровец.

Дополнително, од 08:30 до 12:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од дел од село Сарај, поточно во реонот зад старата џамија во општина Сарај.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности согласно најавените прекини.

CATEGORIES
Share This