БЕЛИНГАМ ГО ЗАГУБИ НЕРВОТ ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА Потегот што ја шокираше Аргентина (ВИДЕО)
Инцидентот се случи по драматичниот пораз на Англија од Аргентина, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Крајот на полуфиналето меѓу Англија и Аргентина донесе тензии и по последниот судиски свиреж. Во моментите кога аргентинските фудбалери го прославуваа пласманот во финалето, Џуд Белингам се најде во центарот на вниманието по инцидент со Валентин Барко.
На видеоснимката која брзо се рашири на социјалните мрежи се гледа како Барко поминува покрај англиските играчи, по што Белингам реагира и го удира одзади во пределот на главата.
Ситуацијата предизвика кратка расправија меѓу двете репрезентации, а фудбалерите од двете страни веднаш се вмешаа за да спречат поголема конфронтација.
Инцидентот се случи по драматичниот пресврт во кој Аргентина славеше со 2:1. Англија имаше предност од 1:0, но головите на Енцо Фернандес и Лаутаро Мартинес во завршницата го донесоа пласманот на „гаучосите“ во финалето.
😱 ¡EL ENGANCHÓN DE BELLINGHAM CON LOS JUGADORES DE ARGENTINA TRAS EL FINAL!#NuestroMejorMundial #NuestroMejorMundialAS @jfelixdiaz @as_tv pic.twitter.com/9Y8rlgG2TL
— Diario AS (@diarioas) July 15, 2026


