БЕБЕ РОДЕНО НА 10.000 МЕТРИ – Драма во авион „Ита Ервејз“ што го запрепасти целиот свет

Патничка во седми месец неочекувано се породи сред лет.

БЕБЕ РОДЕНО НА 10.000 МЕТРИ – Драма во авион „Ита Ервејз“ што го запрепасти целиот свет
Фото: Принтскрин

Ноќта меѓу 29 и 30 април, авион „Ербас А321нео“ на „Ита Ервејз“ што летал од Дакар кон Рим со 155 патници се вратил со еден патник повеќе – новородено бебе.

За време на летот AZ855 се породила една патничка и на свет донела момче, кое го добило името Мохамед Алесандро.

Пилотот Алесандро Ванучи (52) изјавил дека екипажот не бил информиран дека меѓу патниците има бремена жена во седмиот месец. Во пилотската кабина бил и првиот офицер Филип Стојменов (34), објави „Кориере дела Сера“.

Инцидентот започнал околу 2:47 часот по италијанско време, кога шефицата на кабинскиот персонал пријавила дека една патничка не се чувствува добро. Неколку минути подоцна било потврдено дека ѝ пукнал водењакот.

Во помош се вклучиле две патнички, италијанска докторка и француска медицинска сестра кои помогнале при породувањето на висина од околу 10.000 метри.

Пилотите во меѓувреме разгледувале алтернативни аеродроми, но поради положбата над изолирана област над Западна Африка, одлучиле најбезбедно решение да биде враќање кон Дакар.

Пилотот изјавил дека при одлуката мислел пред сè на безбедноста на мајката и бебето.

По породувањето, патниците биле известени и со аплауз ја поздравиле веста. Пилотот додал дека тоа бил еден од најемотивните моменти во неговата кариера.

По слетувањето во Дакар, мајката и бебето биле згрижени, а авионот подоцна продолжил кон Рим.

CATEGORIES
Share This