АРАКЧИ ГО НАПАДНА МАКРОН – Не проговори за нападот, се загрижи по реакцијата

Аракчи истакнува дека францускиот претседател не реагираше кога беа разнесени резервоари со гориво во Техеран.

АРАКЧИ ГО НАПАДНА МАКРОН – Не проговори за нападот, се загрижи по реакцијата
Фото: Принтскрин

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон поради неговиот однос кон конфликтот меѓу Иран, САД и Израел. Аракчи нагласи дека Макрон молчел кога Иран беше нападнат од САД и Израел, но изразил загриженост дури откако Техеран возвратил.

„Емануел Макрон не изговори ниту еден збор за да ја осуди заедничката израелско-американска војна против Иран“, напиша Аракчи на својата страница на мрежата X, пренесува агенцијата Тасним.

Тој посочи дека Макрон исто така молчел кога Израел уништил резервоари со гориво во Техеран, изложувајќи милиони луѓе на токсични супстанции.

„Неговиот ‘израз на загриженост’ се појави не по израелскиот напад врз нашите гасни постројки, туку по нашата одмазда. Тоа е тажно“, заклучи Аракчи.

CATEGORIES
Share This