ЈАНУШЕВ СЕ ОГРАДИ ОД ВОЗАЧОТ ФАТЕН СО МИТО Неговото постапување нема никаква врска со мене

Генералниот секретар на Владата целосно се огради од неговите постапки и откри дека возачот кај него работел околу шест месеци.

ЈАНУШЕВ СЕ ОГРАДИ ОД ВОЗАЧОТ ФАТЕН СО МИТО Неговото постапување нема никаква врска со мене
Фото: Принтскрин

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од својот возач, кој е во притвор во Шутка откако беше фатен со обележани 500 евра.

Јанушев откри дека скопјанецот кај него работел околу шест месеци, а претходно бил возач и кај други функционери.

„Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност“, порача Јанушев.

Тој ја обвинува СДСМ дека од случајот се обидува да направи политичка конструкција.

Возачот, според официјалните информации, од граѓанин побарал 1.500 евра, ветувајќи дека преку свои врски ќе му помогне да биде примен на конкурс за пожарникари. Фатен бил со обележани 500 евра.

Од Владата порачаа дека случајот покажува оти „законот важи еднакво за сите“.

ВОЗАЧОТ НА ЈАНУШЕВ ФАТЕН СО 500 ЕВРА Барал 1.500 евра за вработување пожарникар, заврши во притвор

CATEGORIES
Share This