ЈАНЕВ ЗА НАЦИОНАЛ Изјавата на Мицкоски не ја објаснува, туку ја оправдува политиката на отстапки

Професорот Игор Јанев ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за меѓународните договори и повика на преиспитување на договорите со Бугарија и Грција од аспект на државните интереси.

ЈАНЕВ ЗА НАЦИОНАЛ Изјавата на Мицкоски не ја објаснува, туку ја оправдува политиката на отстапки
Фото: Принтскрин

„Национал“ побара од професорот Игор Јанев да ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека раскинувањето на меѓународните договори би било идеално „само ако сме сами на светот“.

Јанев смета дека ваквиот аргумент не ја објаснува политиката на Владата, туку ја оправдува политиката на континуитет на отстапките.

„Изјавата на премиерот дека раскинувањето на меѓународните договори би било идеално само ако сме сами на светот е аргумент кој не ја објаснува, туку ја оправдува политиката на континуитет на отстапките“, вели Јанев.

Јанев, кој во јавноста е познат по ставовите за раскинување и преиспитување на договорите со Бугарија и Грција, смета дека тие треба да се разгледуваат од аспект на македонските државни интереси.

„Странската западна служба во Македонија, како и секаде, не менува една политичка структура доколку не е сигурна дека другата нема да биде исто толку слугинска“, додава Јанев.

Според него, повторно се прави грешката на прифаќање на наметнати решенија како трајна реалност. Јанев смета дека Македонија треба да ги брани сопствениот суверенитет, идентитет и државните интереси, вклучително и преку преиспитување на меѓународните договори.

„Суштинското прашање не е кој ќе биде на власт, туку дали Македонија ќе води политика во сопствен интерес“, нагласува Јанев.

https://nacionalno.mk/mickoski-iksprati-poraka-do-bugari-a-nema-da-vlezam-vo-proces-bez-predvidliv-kra-bara-tret-na-masata/

CATEGORIES
TAGS
Share This