АНА ИВАНОВИЌ ПОВТОРНО ВЉУБЕНА – Мистериозен странец ѝ го освоил срцето

Парот бил забележан во неколку европски градови без медиумско внимание.

АНА ИВАНОВИЌ ПОВТОРНО ВЉУБЕНА – Мистериозен странец ѝ го освоил срцето
Фото: Принтскрин

По разводот од Бастијан Швајнстаингер, поранешната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ наводно повторно пронашла љубов и тоа далеку од очите на јавноста.

Според извори блиски до српските медиуми, новиот партнер на Ана не е јавна личност. Станува збор за успешен бизнисмен од странство, кој не е дел од шоу-бизнисот и избегнува медиумско внимание.

Наводно, нивната врска започнала во период кога на Ана најмногу ѝ била потребна стабилност и мир, а токму приватноста е нешто што двајцата внимателно ја чуваат. Нема заеднички фотографии на социјалните мрежи, ниту јавни појавувања.

Извор близок до поранешната тенисерка тврди дека Ана овојпат свесно избира поинаков животен ритам и без сензации, гламур и постојано медиумско внимание.

Медиумите пишуваат дека парот бил забележан во неколку европски градови, но без обезбедување и без придружба, однесувајќи се како „сосема обичен пар“.

Иако засега нема официјална потврда од Ана Ивановиќ, приказната за нејзината нова љубов веќе предизвика големо внимание во јавноста.

CATEGORIES
Share This