ДРАМА ВО АВИОНОТ – Трамп збесна поради Иран и нападна вербално новинар

Американскиот претседател испрати јасна порака дека нема договор ако Иран задржи нуклеарен материјал.

ДРАМА ВО АВИОНОТ – Трамп збесна поради Иран и нападна вербално новинар
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трампизјави дека би прифатил Иран да ја суспендира својата нуклеарна програма во следните 20 години, но само доколку гаранциите „навистина се реални“. Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на враќање од Кина, Трамп порача дека Вашингтон е подготвен за договор, но без компромис околу збогатениот ураниум.

Трамп остро реагираше на најновиот ирански предлог за завршување на конфликтот, тврдејќи дека првата реченица од документот била „целосно неприфатлива“.

„Тие прво се согласија да се откажат од нуклеарната програма, а потоа ја сменија позицијата. Ако имаат нуклеарен материјал во која било форма, јас нема ни да го читам остатокот“ –  изјави американскиот претседател.

Тој нагласи дека не е задоволен од нивото на гаранции што ги нуди Иран и порача дека САД нема да прифатат половични решенија.

Според Трамп, САД веќе постигнале „целосна воена победа“ во Иран, но додаде дека „можеби ќе треба дополнително расчистување“ по примирјето.

„Во суштина ја уништивме нивната армија. Можно е да биде потребно уште нешто по еден месец примирје“  рече тој, без дополнително објаснување.

Трамп откри и дека Вашингтон се согласил на примирје по барање на други држави, посебно на Пакистан.

„Не бев за тоа, но сакав да му направам услуга на Пакистан“ – изјави Трамп.

Американскиот претседател влезе и во жестока расправија со новинар кој поставил прашање за американските цели во Иран. Трамп го нарече „лажен човек“ и оцени дека неговото известување „се граничи со предавство“.

„Вашите уредници ви кажуваат што да пишувате, а вие само го повторувате тоа. Треба да се срамите“ – порача Трамп.

CATEGORIES
Share This