АМЕРИКАНСКАТА БЛОКАДА ПАДНА ВО ВОДА – Четири ирански бродови поминаа низ Ормускиот теснец
Постои сомнеж дека дел од бродовите користат лажни AIS сигнали за прикривање на локацијата.

Податоците за следење на бродови, анализирани од BBC Verify, укажуваат дека четири бродови поврзани со Иран го поминале Ормускиот теснец и покрај почетокот на американската поморска блокада.
Според платформата MarineTraffic, два од овие бродови претходно биле закотвени во ирански пристаништа. Товарниот брод „Christianna“ го поминал теснецот во понеделник, по почетокот на блокадата, откако претходно бил во пристаништето Бандар Имам Хомеини.
Бродот „Rich Starry“, кој е под американски санкции поради трговија поврзана со Иран, се движел источно од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати и ноќе го поминал теснецот.
Танкерот „Murlikishan“, исто така санкциониран од САД, испловил од кинеското пристаниште Ланшан и се движел западно низ теснецот. Последната регистрирана позиција му била во близина на иранскиот остров Кешм.
Друг танкер, „Elpis“, се движел кон исток низ теснецот во вторник, по заминување од иранското пристаниште Бушер. Неговата крајна дестинација не е позната, а и овој брод е под американски санкции.
Во меѓувреме, постои можност некои бродови да користат лажни AIS-податоци за својата локација, со цел прикривање на движењето.
Американската војска соопшти дека од понеделник во 14:00 часот по Гринич е ограничен поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа, но дека слободната пловидба низ Ормускиот теснец кон други дестинации не е попречена.
