ЈА ОСТАВИЈА ЦЕЛА АМЕРИКА БЕЗ ЗБОР Пораката на Иранците од соблекувалната го обиколи светот

ЈА ОСТАВИЈА ЦЕЛА АМЕРИКА БЕЗ ЗБОР Пораката на Иранците од соблекувалната го обиколи светот

Фудбалската репрезентација на Иран испрати емотивна порака од Лос Анџелес пред заминувањето за Сиетл, оставајќи рачно напишана благодарница во соблекувалната на стадионот „СоФи“ по ремито без голови против Белгија, резултат што ги одржа нивните надежи за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство.

Во пораката, иранските фудбалери се осврнаа на својата национална историја и истрајност, но истовремено потсетија и на трагедијата што ја потресе земјата за време на неодамнешниот конфликт со САД и Израел. Писмото ги содржеше хаштаговите „#168“ и „#minab“, кои се поврзуваат со 168-те девојчиња што загинаа во ракетен напад врз училиште во градот Минаб во февруари.

„Од древна Персија пред илјадници години до денешниот цивилизиран Иран, иранскиот дух останува жив и нескршлив“, напишаа репрезентативците.

Тие додаваатдека во Лос Анџелес дошле со гордост, се натпреварувале со чест и заминуваат со достоинство.

Во продолжение му се заблагодарија на градот за гостопримството, како и на иранските навивачи кои, според нив, биле со репрезентацијата „со срце, глас и душа“ во текот на досегашните натпревари. Пораката завршува со повик за мир, почит и пријателство меѓу народите.

Настапот на Иран на Светското првенство беше проследен и со сериозни организациски предизвици. Поради ограничувањата на американските имиграциски власти, репрезентацијата не смееше да престојува во САД подолго од 48 часа, поради што базата ја пресели од Тусон во мексиканска Тихуана.

Тоа значеше дека тимот мораше постојано да патува преку границата за натпреварите во САД. Дополнително, на дел од членовите на стручниот штаб и помошниот персонал им беа одбиени визите, додека играчот Мехди Тораби беше принуден повторно да аплицира за американска виза откако неговата претходна истече по мечот со Нов Зеланд.

Поради сите овие околности, селекторот Амир Галеноеи ја опиша иранската репрезентација како „најугнетуваниот тим на целото Светско првенство“.

CATEGORIES
Share This