СИСТИНА ДО КЕДЕВ – Или кажи која е болницата која врши непотребни стентирања или ќе се видиме на суд
Од болницата реагираат поради тоа што во емисијата „На врв на светот“ на Канал 77 новинарот го спомнал името на „Систина“, иако Кедев не посочил конкретна установа.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ најави правни чекори против професор д-р Сашко Кедев доколку тој јавно не прецизира во која приватна болница, според неговите зборови, се изведуваат непотребни операции и стентирања мотивирани од профит.
Од болницата реагираат поради тоа што во емисијата „На врв на светот“ на Канал 77 новинарот го спомнал името на „Систина“, иако Кедев не посочил конкретна установа.
„Овие тврдења се неосновани и го нарушуваат угледот на нашата установа и на нашите доктори, внесувајќи непотребен страв кај пациентите. Во изминатите 25 години никогаш не е извршена хируршка интервенција без јасна медицинска индикација“, се наведува во реакцијата.
„Аџибадем Систина“ нагласува дека работи по највисоки меѓународни стандарди (JCI), со мултидисциплинарен пристап и врвен медицински кадар од 260 доктори.
„Доколку д-р Кедев не каже на која приватна болница се однесува неговата изјава, ќе бидеме принудени да поднесеме тужба за клевета“, порачуваат од болницата.


