ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО Пороен дожд и грмежи на одделни места

Фото: Национал
Времето денеска (20.08.) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и максимална температура до 34 степени информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија


